Во својот прв натпревар во дресот на ПСЖ, капитенот на новиот светски првак Аргентина, Лионел Меси постигна гол за „Светците“ од Париз.
Аргентинецот беше стрелец на вториот гол (72.минут) во победата победата на ПСЖ од 2-0 во дуелот против Анже меч од 18.коло на француската Лига 1.
Првиот гол го постигна 20-годишниот Екитике уште во петата минута.
ПСЖ кој е лидер на табелата, ја одрекува предноста во однос на конкурентите Ленс кој заостанува 6 бодови, односно Олимпик Марсеј кој има 39 бодови и е на третото место.