Екипата на Виљареал славеше победа на мадридски Реал со 2-1 во меч од 16.коло на Примера.
На средбата одиграна на „Ел Мадригал“ популарната „жолта подморница“ му го нанесе само вториот пораз сезонава на „Кралскиот“ тим.
Стрелци на головите на домаќините беа Пино (47) и Моредно (63) од пенал, додека Бензема (60) од пенал го постигна голот за Реал.
Поразот на Реал е шанса на Барселона да остане осамена на врвот на табелата, но за тоа каталонскиот клуб ќе мора да освои барем бод на утрешното гостување во Мадрид кај Атлетико.
Во моментов Барса и Реал имаат по 38 бодови, Сосиедад е трет со 29, а на Атлетико и Виљареал кои се на 4-тото и 5-тото место имаат по 27 бодови.