Најнеизвесниот натпревар од синоќешната понуда во НБА лигата се одигра во Детроит.

Гостите од Лос Анџелес тимот на Клиперс славеше победа во дуелот со „Пистонси“ со 142-131 по дополнителните пет минути игра.

Домаќините прокоцкаа 8 поени предност во завршните 90.секунди, а Бојан Богдановиќ кој со 23 поени беше најефикасен кај Детроит, во последната секунда не реализира за победа на „Пистонск“.

Во продолжението гостите од ЛА примија само три поени и на крајот заслужено се радуваа на својата 20-та победа сезонава со која се на 4.место во Западната конференција.

Во дербито на истокот. Бруклин го победи Кливлен на гостински терен со 125-117.

Со овој триумф популарните „мрежички“ ја продолжија низата на успеси која сега изнесува 9 победи по ред или вкупно 13-та на последните 14 одиграни натпревари.

Предводници на оваа победа на Бруклин повторно беа Кајри Ирвинг и Кевин Дурант кои постигнаа по 32 поени.