Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и десеттиот пораз во АБА лигата.
Аеродромци вечерва пред својата публика во „Јане Сандански“ се совладани од Сплит со 80:85.
Во дуелот на двете последно рангирани екипи на табелата, пред ова 12-то коло, МЗТ одигра променливо. Иако го доби првото полувреме со поен разлика (41:40, а во еден период од третата четвртина и највисоки ет предност, сепак, во завршниот период сино-белите потклекнаа пред се во нападот.
Тимот на Сплит тоа го искористи и на крајот заслужено се израдува на својата четврта победа.
Најефикасен на мечот беше гостинскиот кошаркар Мавра со 23 поени, додека кај МЗТ, Војдан Стојановски постигна 17, Кафи 15, а двоцифрен беше и Вер со 11 поени.
До крајот на годинава, МЗТ ќе одигра уште еден меч и тоа во петок на 20 декември во Загреб каде гостува на Цибона, па по новогодишната пауза, во Скопје ќе ја пречека белградска Црвена Звезда.