Актуелниот Светски шампион Франција славеше победа над Полска со 3-1 во првиот осминафиналем меч од денешната програма на Мундилајлот.
Полјаците први можеа да стигнат до водство, по голема шанса во 37-минута, по обидите на Леванадовски и Зелински францускиот голман Лорис успеа да ја сочува мрежата
Во финишто на приот дел, односно 44.минута, Оливие Жиру и долесе предност на Франција.
Со овој гол, вкупно 52-ри во дрестот на „триколорите“ Жиру стана најдобриот стрелец на Франција во историјата, оставајќи го зад себе легендарниот Тиери Анри за еден гол помалку (51).
Во вториот дел следуваа два гола на Килиан Мбапе, првиот во 74-тата и вториот во 91-та минута за убедливи 3-0 и пласман на Францизите во четвртфиналето.
Поразот го ублежи Левандовски кој на двапати во 95-минута шутираше пенал
Сега Франција ќе го чекаат исходот од вечерашниот меч во кој од 20 часот ќе играат Англија и Сенегал, за да го дозне својот противник за четвртфиналниот дуел закажан за сабота, 10 декември.