Одбојкарите на Струмица претрпеа убедлив пораз во првиот меч од квалификациите во Лигата на шампоните.
На гостувањето во Амстердам, кај холандскиот првак Динамо Апелдорн, македонскиот првак Струмица убедливо го загуби првиот меч од првото коло во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите на ЦЕВ.
Домаќините ја потврдија фаворитската улога и со максимално 3:0 го добија натпреварот.
Мечот траеше само еден час во кој Струмичани освоија 20 поени во првиот, односно 13 и 16 во вториот и третиот сет.
Со овој убедлив пораз македонскиот првак значително ги намали шансите за евентуален пласман во следната рунда, а што на Струмичани потребно им е чудо во реваншот што ќе се игра во вторник (27 септември – 19 ч.) во Скопје.