Екипата на Сан Антонио ја оствари втората победа против Минесота во полуфиналето на Западната конференција на НБА плеј-офот.

Спарси одиграа брилијантен натпревар пред своите симпатизери кој го добија со убедливи 133-95 за водство од 2:0 во победи. Откако ја добија првата четвртина со седум разлика, во втората направија дополнителни +17 и веќе на полувремето го најавија триумфот. Вода домаќините во еден момент и со 42 поени разлика.

Виктор Вембањама одигра уште еден МВП натпревар. Младиот Французин заврши со дабл-дабл ефект со 19 поени и 15 скокови. Голем придонес во победата имаа и Кастел со 21, како и Фокс со 16 поени.

Кај Минесота петмина кошаркари постигнаа по 12 поени, а во последната четвртина на клупа останаа четворица од стартерите.

Сега серијата подобар до четири победи се сели во Минесота каде ќе се играат следните два. Дуелот број три на програмата е во сабота по 3.30 по полноќ.

Следете нé на социјалните мрежи