Најдобрите екипи од регуларниот дел на сезоната во НБА лигата, Оклахома и Детроит победнички ги започнаа конференциските полуфиналиња.
Во првиот натпревар помеѓу Оклахома Сити и Лос Анџелес Лејкерс, атуелниот шампион Тандерс победија со 108:90
јасно е дека Лос Анџелес Лејкерс, ќе имаат тешка задача без повредениот Лука Дончиќ да го изненадат првакот на гостински терен. Кај Тандер, најдобар беше Чет Холмгрен со 24 поени и 12 скока и една асистенција, а Аџај Мичел и Гилџус-Александар придонесоа за победата со по 18 поени и два скока. Леброн Џејмс беше најефикасен за Лејкерси со 27 поени, четири скока и шест асистенции.
Вториот натпревар е закажан за четврток, а домаќини повторно ќе бидат Оклахома Сити Тандер.
Во Источната конференција, Детроит Пистонс ги пречекаа Кливленд Кавалирс и совладаа со 111:101.
Во поголемиот дел од натпреварот, Пистонс беа во водство, но во последниот дел, Кавс успеаја да се вратат на 93:93. Сепак, следеше серија од 6:0 на домаќините, по што немаше враќање.
Кај Пистонс, се истакна Кејд Канингем со 23 поени и седум асистенции, а Тобијас Харис додаде уште 20 поени. Донован Мичел и Џејмс Харден ги предводеа Кавалирс со 23 и 22 поени.
Вториот натпревар ќе се игра во четврток, повторно во Детроит.




































