Ривалството помеѓу Денвер и Минесота донесе уште еден тензичен натпревар. Дуелот број четири од првата рунда на плеј-офот го доби Минесота со 112-96 и поведе со 3-1 во победи.

Натпреварот покрај доминацијата на домашните кошаркари меѓи кои предничеше Ајо Досунму со 43 поени, на крајот донесе и голема мешаница. Откако МекДениелс 2,1 секунди постигна „неспортскиот“ кош кога сите играчи застанаа,м Јокиќ беше оној кому му се „споија жиците“ Српскиот центар трчаше од едниот до другиот крај на теренот за да го турне. Играчите од двата тима се собраа околу нив за да ја спречат тепачката. Натпреварот заврши со исклучувања на Никола Јокиќ од Денвер и Џулиус Рендл од Минесота.

Сега серијата се враќа во Денвер, каде Нагетс едноставно мораат да победат за да ја задржат надежта дека нема да бидат елиминирани уште во првата рунда.