Ѓорче Петров е првиот финалист во Купот на Македонија и воедно има одлична можност да стигне до својата 19-та титула, откако убедливо го совлада Пелистер во полуфиналниот дуел

Актуелниот шампион уште од самиот старт наметна силно темпо и со серија од 7:0 ја презеде контролата врз натпреварот. Предноста постојано растеше, па во 24-тата минута достигна двоцифрени +10 (14:4), додека на полувреме Ѓорче замина со убедливи 19:5.

Во второто полувреме немаше неизвесност – Ѓорче рутински ја одржуваше и дополнително ја зголемуваше предноста. Во 41-та минута веќе беше +20 (29:9), со што прашањето за победникот одамна беше решено.
Натпреварот заврши со убедлива победа на Ѓорче Петров од 37:15, со што тимот обезбеди место во финалето на Купот на Македонија.

Ивона Кимовска