Кошаркарите на ТФТ го добија дерби натпреварот од 2.коло во ТОП-6 фазата на Супер лигата. Тие попладнево славеа во дуелот против МЗТ Скопје Аеродром со 93-91 .

Шампионот МЗТ подобро го отвори натпреварот. Во првиот квартал аеродромци има и двоцифрена предност 11-21, но она првата пауза заминаа со плус 6 (20-26). Домашниот состав на тврда заигра нешто подобро во втората четвртина. Во петнаесеттата минута ТФТ стигна до израмнување, а потоа и минимално водство (39-37). На паузата меѓу двете полувремења се замена со резултати 43-41 за ТФТ .

Во второто полувреме домашниот тим го отвори со пет не одговорени поени и поведе со 48-41. Сепак, шампионот МЗТ брзо ги консолидира редовите и се врати во резултатски ,,егал”. Продолжија сино-белите во ист ритам, па во последниот период МЗТ влезе со 14 позитива 61-75. .Имаше МЗТ и најголеми +16 на стартот на четвртата четвртина, но ја ,, прокоцка”. Избраниците на Боро Смилковски ги кренаа нивото на игра во одбраната и тоа донесе резултат. Во 35.мимута ТФТ беше оној што имаше предност 81-79. До крајот двете екипи се менуваа во водството. Во неизвесната завршија, последните 60 секунди се влезе со резултат 87-85 за ТФТ. Зафиров со песни два зголеми на +4, но брзо врати Смит-Меквин, па на 19 секунди пред крајот резултатот беше 89-87. Иванов реализира едно од двете слободни фрлања за 90-87. На спротивната страна Петков со тројка го израмни резултатот, но тројката на Ташковски во последната секунда му донесе триумф на ТФТ.

По оваа победа, ТФТ остане на првото место на табелата. Доколку до крајот на оваа фаза нема изненадување, аеродромци ќе ја имаат ,,пол-позицијата” во плеј-фот, а до тоа и предноста на домашниот терен.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ)
„ТОП 6“ ПЛЕЈ-ОФ | 2.КОЛО

18.април (сабота)
13.00 ТФТ – МЗТ СКОПЈЕ A.
17.00 ТИКВЕШ – МАЏАРИ
18.00 КОЖУВ – ПЕЛИСТЕР

Standings provided by Sofascore