Македонската млада репрезентација до 21 година конечно ја прекина црната серија порази. Нашите надежи славеа на гостувањето кај Ерменија со 2-0.

Ова беше нивна само втора победа во овој квалификациски циклус. Двата гола беа постигнати во клучните моменти од двете полувремиња. Ѓоргиевски донесе водство од пенал во 45. минута од мечот. Конечниот резултат го постави Љатифи со погодок во 75-тата минута.

Македонија е на петтото место во групата со шест освоени бодови. Пред нас на табелата се: Полска, Италија, Шведска и Црна Гора. Зад македонскиот тим остана единствено селекцијата на Ерменија.

Овој циклус ќе биде заокружен дури во октомври месец со дуелите против Црна Гора на домашен терен (1 октомври) и гостувањето кај Шведска (5 октомври).