Македонскиот вицепрвак ТФТ попладнево ќе го игра решавачкиот натпревар од четвртфиналето во АБА2 лигата.
Тимот од скопската населба Тафталиџе гостува кај српскиот Златибор третиот меѓусебен дуел од плејофот. Предноста на домашниот терен се покажа како решавачка во првите две средби. Златибор го доби првиот натпревар со 15, ТФТ вториот во Скопје со осум поени разлика.
Во редовите на македонскиот вицешампион веруваат дека можат да историско полуфинале за нив.
„Нé очекува тежок натпревар. Успеавме да ја израмниме серијата и да избориме трета утакмица.
На Златибор сме дојдени со една цел – сакаме влез во полуфинале и нема да се предадеме .
Не знаеме дали капитенот Нури ќе настапи на овој натпревар. Очекувам фер и коректен натпревар и нека победи подобриот“, вели Виктор Ташовски.
Натпреварот меѓу Златибор и ТФФ ќе стартува во терминот од 18 часот, се ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇 👇 👇.




































