Одбојкарскиот Куп на Макеоднија во женска конкуренција донесе две големи изненадувања во четвртфиналната фаза.

Првото, го приредија одбојкарките на Вардар ЕМ кои со убедливи 3:0 по сетови (25:23, 25:20, 27:25) го елиминираа повеќекратен освојувач купот Работнички.

Второто големо изненадување го донесе тимот на Младост УГД. Штипјанки со 3:1 (25:22, 23:25, 25:23, 25:19) го победија ланскиот финалист Јанта Волеј КВ и за првпат обезбеди место на финалниот турнир од Купот.

Заедно со нив, пласман во полуфиналето обезбеди и актуелниот бранител на трофејот Наковски Волеј, кој со сигурни 3:0 (25:14, 25:17, 25:17) ја совлада екипата на Струмица жени.

Последниот учесник на завршницата ќе биде познат на 11 март кога ќе се одигра натпреварот меѓу Газели Волеј и Пелистер.

Следете нé на социјалните мрежи