Според многумина, најдобриот трене за физичка подготовка на спортистите, Петар Баснарков ќе биде нов кондициски тренер на машката одбојкарска репрезентација на Македонија.

Баснарков ќе се приклучи на стручниот штаб на селекторот Јошко Миленкоски во мај кога репрезентацијата ќе ги стартува подготовките за учеството во Европската лига 2026.

Баснарков претходно беше долгогодишен тренер за физичка подготовка на ракометните национални селекции, како во младинска, така и во сениорска конкуренција.

Баснаркив работеше и како кондициски тренер во РК Алкалоид, односно во македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје.