НБА лигата ноќеска понуди нови седум натпревари.
Тимот на Лос Анџелес Лејкерс ја прекина низата од три порази, откако на домашен терен ја совлада Атланта со 141-116.
Леброн Џејмс и Лука Дончиќ повторно беа најдобрите поединци во редовите на „езерџиите“. Леброн беше на прагот на троен ефект, а натпреварот го заврши со 31 поен, 10 асистенции и 9 скока. И Словенецот, Дончиќ имаша дабл-дабл 27 поени и 12 асистенции.
Затоа пак шампионот Оклахома Сити врза три победи во низа, а има вкупно 34.
Тандерси на домашен терен го совладаа Сан Антонио со 119-98. За шампионот тоа беше само прва победа сезонава во четвртиот меѓусебен дуел со Спарси.
Ланскиот МВП, Шаи Гилсиус-Александар беше прв стрелец на натпреварот и во победничката екипа со постигнати 34 поени. Џејлен Вилијамс додаде 20 поени, а Чет Холмгрен осум поени и 10 скока. Кај поразениот тим, Стефон Касл постигна 20 поени, а Виктор Вембањама додаде 17 поени и седум скока.
Резултати:
Л.А. Лејкерс – Атланта 141:116
Голден Стејт – Портланд 119:97
Мајами – Феникс 127:121
Хјустон – Чикаго 119:113
Милвоки – Минесота 106:139
Њу Орлеанс – Денвер 116:122
Оклахома – Сан Антонио 119:98



































