Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс славеа на гостувањето кај Јута Џез со 108-106.
Лука Дончиќ пак блесна остварувајќи евоен ефект со 33 поени, 11 скока на кои додаде и 8 асистенции. Леброн Џејмс имаше заврши со трипл-даблд ефект, со 17 поени, 11 скока и 12 асистенции.
Придонес во овој триумф на ,,езерџиите” имаа и Остин Ривс кој додаде 22 поени, а Руи Хачимура 13.
Лејкерси стигнаа до четвртата победа по ред и имаат скор 12-4.
Вториот тим од Лос Анџелес, Клиперс беа убедливо поразени на гостувањето кај Кливленд со 120-105.
Донован Мичел беше незадржлив со 37 поени, Еван Мобли додаде 18 поени и 10 скока, а Де’Андре Хантер постигна 17 поени.
Кливленд има скор 4-2 на домашен терен. Хрватот, Ивица Зубац беше најдобар кај Клиперс со 33 поени и 18 скока.Ова е втор негов најдобар учинок во кариерата постигнувајќи два поени помалку од неговиот рекорд.



































