Кошаркарите на Пелистер славеа победа на гостувањето кај Чаир со 69-64 во натпревар од 20.коло на Првата лига.
Во првата четвртина, домашниот тим имаше и девет поени предност, но пелистерци со серијата 2-12, го свртеа резултатот (18-19). Продолжија во ист ритам битолчани и во вториот квартал во кој имаа +11. Сепак на одморот меѓу двете полувремиња, Пелистер замина само со четири позитива (30-34).
Третиот период го добија домашните кошаркари (19-16), па во последниот се влезе само со поен предност за Пелистер 49-50. Така беше се до самиот финиш, завршните 6.секунди. Во нив Антоан и Мишковиќ погодија за гостите, на што домашниот тим не возврати, па Пелистер славеше со 64-69.
Токму тие двајца беа најефикасните во победничката екипа. Србинот постигна 20, а Американецот 15 поени. На спротивната страна, повремениот македонски репрезентативец Какруки заврши со дабл-дабл со 20 поеми и 15 скокови.
По овој триумф Пелистер сега е на 4.место на табелата со 32 бодови колку што има и трето рангираниот Кожув. Чаир остана седми со 30 бодови.
Покрај овој денеска се одиграа уште три натпревари, а преостанатите два на програмата се утре.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 20 коло
Сабота / 15 март
ЧАИР – ПЕЛИСТЕР од 20.30 часот
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ТФТ
ФЕНИКС – КОЖУВ 72-88
ШКУПИ – ГОСТИВАР 90-79
Недела / 16 март
17.00 ВАРДАР – ТИКВЕШ
19.30 РАБОТНИЧКИ – МКК КУМАНОВО
ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 34 бодови, ТФТ 33, Кожув 32, Работнички 31, МКК Куманово 31, Пелистер 30, Феникс 30, Чаир 29, Тиквеш 27, Гостивар 27, Шкупи 27, Вардар 19.