Македонската сениорска ракометна репрезентација е поразена од Португалија во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2024 година што ќе се одржи во Германија.
Освен воведите 1-0, црвен-жолтите постојано беа во негатива. Во првиот дел Португалците имаа највисоки +4, за на паузата гостите да заминат со три гола предност (11-14).
Во вториот дел. Со влегувањето во игра на Мартин Томовски кој средбата ја заврши со пет одбрани, нашите ракометари по негативата од три гола (15-18) во 46-тата минута успеаја да стигнат до водство од 20-19. Но. Како да се исплашија црвено-жолтите од евентуален успех, па му дозволија на поискусниот противник повторно да го преземе водството и рутинирано да го приведе мечот во своја полза со конечни 29-23.
Во нашата селекција беше Филип Кузмановски и Мартин Серафимов постигнаа по 5 голови
Со оваа победа и новите бодови, Португалија се зацврсти на врвот на табелата во 10-тата група, сега со 6 бодови два повеќе од нашата селекција која е втора, односно Турција која има два бода по вчерашната победа над Луксембург со 30-29.
Во недела Португалија и Македонија ќе го одиграат дуелот од 4.коло во кое Турците сега ќе ја имаат улогата на домаќини против Луксембург.