Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас игра како „препороден“ во Италија. Дека Серија А му лежи, Елмас потврдува со своите настапи во тимот на Торино.

Македонецот постигна нов погодок за популарните „бикови“. Во на натпреварот 28.коло на гостувањето кај Парма, Елмас на атрактивен начин му донесе водството на Торино во 19-тата минута.

За Елмас ова е трет гол во дресот на Торино, откако претходно постига по еден и во дуелите со Монца и Болоња.

Сепак Торино не успеа да слави победа иако два пати имаше предност.

За тоа најзаслужен е Аргентинецот, Пелегрино кој постигна два гола во 60-тата и 82.минута, откако во меѓувреме (72.минута) Адамс беше стрелец на вториот гол за Торино.