Големото англиско дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Ливерпул им припадна на гостинските фудбалери.
Во дуелот од 3.коло на Премиер лигата одигран на „Олд Трафорд“, Ливерпул славеше со 3-0. Најголема заслуга за оваа победа на Ливерпул имаа Луис Дијаз и Мохамед Салах.
Уште во првиот дел гостите обезбедија голема предност од два гола и тоа благодарение на грешките на Каземиро. Во двете ситуации (35 и 42.минута), Мохамед Салах му асистираше на Колумбиецот, Луис Дијаз.
Во второто полувреме (56.минута) и Салах се запиша во листата на стрелци, зголемувајќи на 3-0. Тоа подоцна се покажа и како конечен резултат на натпреварот.
За Ливерпул ова беше трета победа и тој заедно со шампионот Манчестер Сити се единствените екипи кои имаат максимален ефект.
Манчестер Јунајтед пак го претрпе вториот пораз на трите одиграни натпревари.