Двете одбојкарски репрезентации на Македонија, женската и машката, се подготвуваат за новиот квалификациски циклус за Европските шампионати.
Во сабота двојна програма ќе имаат нашите селекции. Мажите ќе гостуваат во Тбилиси кај Грузија, а дамите во Скопје ја пречекуваат Грција.
За македонските одбојкарки ова е ново искуство. Тие лани настапија во Сребрената лига, а годинава ќе играат во европските квалификации.
Капитенката Тамара Стојанова, уверува дека одбојкарките се подготвени и дека ќе дадат се од себе. Воедно таа ја повикува македонската јавност да им ја даде неопходната поддршка, како би се претставиле во најдобро светло.
Дуелот Македонија – Грција ќе се игра во во сабота во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20.15 часот.