Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, е поразен од Црна Гора во првиот од двата контролни натпревари.
Како дел од подготовките за претстојните квалификации за ЕП 2025-та, Македонија влезе во серија на контролни натпревари. Првиот во Колашин, го доби домаќинот Црна Гора со 3:1 во сетови.
До финишот на првиот сет, нашата репрезентација имаше постојано предност, која најмногу изнесуваше 5 поени (20-15). Тука избраниците на селекторот Наковски подзастанаа, а противникот се избори да игра на разлика. Во сетот во кој беа освоени 60 поени, Црногорците излегоа како победници (31-29). Тоа им даде „крила“ на домаќините кои го добија и следниот сет (25-22), а во него имаа и осум поени предност.
Македонските одбојкари по голема борба во третиот сет (25-22) намалија на 1:2, но во следниот немаа сили да израмнат (20-25).
И утре овие две селекции ќе одиграат уште еден меч, а тој е во низата на вкупно седум за македонската селекција, пред стартот на квалификациите.
Во овој августовски „круг“ Македонија прво ќе и гостува на Грузија (17 август)-, а потоа ќе ја пречека Грција на домашен терен (25 август).