Македонскиот национален олимписки тим, вечерва ќе биде дел од свеченото отворање на ЛОИ во Париз.
Меѓу 10.714 спортисти ќе бидат и шестмина Македонци кои ќе настапат во шест различни спортови.
Веќе утре прва на сцената ќе биде најмладиот. 16.годиншиот пливач Никола Ѓуретановиќ, сигурно еден од најмладите на Олимпијадата, в сабота наутро, по 11 часот, ќе плива во квалификациската трка на 400м. слободно.
Веќе во недела настап ќе има Анастасија Мојовска во стрелаштво. По неа на џудо борилиштето ќе излезе Еди Шерифовски. Последните денови од Олимпијадата на олимписката сцена редоследно ќе излезат и Милјана Релиќ, Владимир Егоров и Дарио Ивановски.
МАКЕДОНСКИ СПОРТИСТИ НА ЛОИ 2024, ПАРИЗ
27 јули (по 11 часот) НИКОЛА ЃУРЕТАНОВИЌ – пливање (квалификации 400м. слободно)
28 јули (09.15 часот) АНАСТАСИЈА МОЈСОВСКА – стрелаштво (воздушна пушка 10 м.)
30 јули (10.00 часот) ЕДИ ШЕРИФОВСКИ – џудо (до 81 кгр.)
8 август (11.30 часот) ВЛАДИМИР ЕГОРОВ – борење (слободен стил до 57 кгр)
8 август (12.40 часот) МИЛЈАНА РЕЉИЌ – таеквондо (до 57 кгр)
10 август (08.00 часот) ДАРИО ИВАНОВСКИ – атлетика (маратон)