Шпанскиот фудбалер Ламин Јамал со голот против Франција стана најмладиот стрелец во историјата на европските првенства.
Французите водеа од 9.минута со голот на Рандал Коло Муани во полуфиналето против Шпанија и одлично го одржуваа водството до 21.минута.
Потоа Ламин Јамал со прекрасен гол од дваесетина метри го израмни резултатот. Со тоа Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на еврото со 16 години и 362 дена.
Досега рекордот го држеше Швајцарецот, Јан Вонлантен, кој постигна гол во поразот од Франција во 2004 година. Тој тогаш имаше 18 години и 141 ден.
Шпанија на полувремето имаше предност од 2-1.