ЖРК Вардар го претстави и четвртото засилување за наредната сезона. Се работи за Нина Неделковска која игра на позицијата среден бек. Вардар со Неделковска потпиша договор на една година.
Таа доаѓа од тимот на Скопје 2020 каде одигра одлични две сезони. Минатата сезона Нина се покажа како една од подобрите во тимот па и во неколку наврати беше на врвот на листата на стрелци во екипата. Неделковска пред да дојде во Скопје играше во тимот на Шампион.
Претходно во тимот на Вардар потпишаа десниот бек Јасмина Попова, Сара Богоевска и Голабоска Марија.
Црвено-црните ги продолжи договорите со Симона Василева и Андреа Илиќ. Екипата на Вардар успеа да го задржи и поголемиот дел од екипата.
Се очекува екипата на Вардар да претстави уште засилувања во наредниот период.
Ивона Кимовска