Фудбалската еуфорија на „Стариот континент“ летово е продолжена. Неодамна завршија домицилните шампионати низа цела, Европа, се одиграа финалните натпревари во трите УЕФА купови.
Сепак, кулминација на сезоната ќе биде Европскиот шампионат во Германија. до чиј почеток остануваат 10 дена.
24-те репрезентации веќе се подготвуваат, дел од нив одиграа и контролни натпревари. И навивачите чии репрезентации се пласираа на ЕП ги прават завршните подготовки, пред заминувањето во Германија.
На првенството ќе бидат одиграни вкупно 51 натпревар.
Традиционално шампионатот го отвора домаќинот, во случајот Германија и тоа во дуел со селекцијата на Шкотска. Натпреварот ќе се игра во Минхен на 14 јуни. Почетокот е од 21 часот, еден од трите термини во кои ќе се играат натпревари (15 и 18 часот).
Финалето е закажано во Берлин на 14 јули.