Големиот број заминувања, неизвесноста и краткиот подготвителен период го земаа данокот. Вардар на домашен терен одигра само 1-1 против екипата на Арсими, а мораше и да се враќа од негатива.

Се почна лошо  за Вардарци уште на стартот, па противникот преку Еди Абдија во 13. минута дојде до водство. Избраниците на Грнчаров  брзо се консолидира и  нападнаа а истото вроди со плод кога во 30. минута добија удар од 11 метри, но истиот не го искористи  Дарко Мицевски, па Арисими замина на полувреме со пресност.

Вардар тргна посилно во вториот дел, притискаше и бараше начин да се врати во игра, а истото го направи Десниќ во 71. минута кога изедначи на 1-1.

Вардарци имаа голема прилика за целосен пресврт  во последната минута кога по слободен удар и нафрлена топка токму Десниќ шутираше над голот, за конечни 1-1.

Ваквиот кикс на Вардар го искористија главните конкуренти Гостивар, кој си минимални 1-0 ја совлада Локомотива и Воска и Пелистер  кои славеа убедливи победи на домашен терен.

Битола: ПЕЛИСТЕР – КОЖУФ 4-0
Скопје: ВАРДАР – АРСИМИ 1-1
Тетово: ТЕТЕКС – ОХРИД 2-0
Струмица: БЕЛАСИЦА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 2-1
Охрид: ВОСКА СПОРТ – КАРАОРМАН 4-1
Гостивар: ГОСТИВАР – ЛОКОМОТИВА 1-0