Во НБА плејофот познат е првиот полуфинален пар во Источната конференција. Екипите на Њујорк и Индијана ќе играат меѓусебно во втората рунда.
Ова откако двата тима славеа триумфи над своите четвртфинални противници и со 4:2 во победи ги добија сериите.
Индијана до четвриот триумф над Милвоки стигна со убедливи 120-98.
Во победничкиот тим, Оби Топин постигна 21 поен и осум скока, а Ти Џеј Меконел 20 поени со девет асистенции. Во поразот Декјан Лилард постигна 28 поени.
Неизвесен натпревар одиграа Филаделфија и Њујорк, а го добија гостите со 118-115.
Џош Харт погоди клучна тројка на 25 секунди до крајот на натпреварот, по што следеше серија слободни фрлања на двете страни каде што сите погодија. На две секунди до крајот Бади Хилд шутираше тројка за продолжение, но таа не беше прецизна па „Никс“ славеа победа.
Повторно брилираше Џејлен Брансон кој постигна 41 поен со 12 асистенции. Тоа беше негов трет натпревар во низа на кој постигна 40+ поени, нешто што никој го нема направано по Мајкал Џодан во 1989 година.
Последниот полуфиналист на истокот ќе го дадат Кливленд и Орландо „двобој“ во кој „Кавс“ водат со 3:2. Доколку слават и во дуелот што ќе се играа ноќеска, тие за противник ќе го имаат Бостон кој со 4:1 во победи ја доби серијата против Мајами.
Во иста ситуација како Кливленд, но во Западната конференција е Далас. Маверикс ноќеска (03.,30 ч.) го пречекуваат ЛА Клиперс со водство од 3:2. Победа го води Дончиќ и останатите во полуфинална пресметка со Оклахома.