Лидерот на табелата во англиската Премиер лига екипата на Ливерпул забележа нова победа.
Во натпреварот од 26.коло одигран на „Енфилд“, Ливерпул со пресврт во вториот дел со совлада Лутон со 4:1.
Првото полувреме не мина според планот на црвените, напротив. Гостите беа оние кои ги завршија првите 45.минути со предност. Во 12-тата минута Огбене му донесе предност на Лутон.
Во вториот дел за само 15-минути, домаќините постигнаа три гола. Серијата ја отвори Ван Дајк во 56-тата за израмнување на 1:1. Четири минути подоцна (56) Гапко го најави пресвртот, а Дијаз во 71-та зголеми на 3:1.
Победата ја потврди Елиот во последната минута од натпреварот (90).
Со оваа победа Ливерпул сега има 60 бодови, четири повеќе од Манчестер Сити и пет повеќе од Арсенал. Ривалите допрва треба да ги одиграат своите натпревари од оваа рунда.