Кошаркарите на Индијана Пејсерс и Њу Орлеанс Пеликанс се пласираа на фајнал-фор турнирот во НБА Купот. Ова е епилогот по првите два одиграни четвртфинални дуели во новото натпреварување на НБА.
Пејсерси ги елиминираа Бостон Селтикс победувајќи ги со 122:112 и го резервираа билетот за завршниот турнир во Лас Вегас.
Човек на одлука беше Тајрис Халибартон, кој на 105:105 минута и пол пред крајот реализираше тројка со дополнително слободно фрлање, а Бостон повеќе не се врати во игра.
Одличниот Халибартон го забележа првиот трипл-дабл во кариерата. Тој на 26 поени, додаде 10 скока и 13 асистенции, Бади Хилд помогна со 21 поен, а Мајлс Тарнер 17 поени и десет скока.
Селтикси повторно го немаа Кристапс Порзингис. Џејсон Тејтум постигна 32 поени со 12 скока и шест асистенции, а Џејлен Браун додаде 30 поени и девет скока.
Индијана во четврток ќе играат против подобриот од мечот меѓу Њујорк Никс и Милвоки Бакс.
Сакраменто загуби на домашен терен од Њу Орлеанс Пеликанс со 117:127.
Клучни беа сериите на гостите од (28:5 и 9:0), кои со првото поведоа во првото полувреме, а со второто го решија победникот.
Кај победникот, Брендон Инграм постигна 30 поени со 8скока, Херберт Џонс додаде 23 поени, а Јонас Валанчиунас 18 поени и 11 скока.
Кај поразените Де’Арон Фокс постигна 30 поени со пет скока, Домантас Сабонис 26 поени со 13 скока и 10 асистенции
Њу Орлеанс сега ќе го чекаат исходот од натпревар помеѓу Феникс Санс и Лос Анџелес Лејкерс.