Трето пласираната селекција на последното Светско првенство во Катар, Хрватска може да извиси за настапот на Европскиот шампионат во Германија.

Хрватите се пред императив да мора да ги победат последните два натпревари, но пак ќе зависат од другите.

За да се случи тоа, Велс треба да одигра два одлични натпревари. Мора да ја победи Ерменија на гости, а потоа и Турција на домашен терен. Во тој случај по 24 години и пет последователни шампионати, би останале без настап на ЕП.

Инаку досега се познати 13 селекции кои обезбедија настап на ЕУРО 2024-та, а стануваат уште 11 места.

Последните три учесници ќе бидат познати дури следната година, по бараж натпреварите закажани меѓу 21 и 26 март

Европското првенство во Германија започнува на 14 јуни и ќе трае до 14 јули. Ќе се игра во 10 градови, а финалето е во Берлин.

Покрај домаќинот Германија, досега пласман на ЕП обезбедија:

А група: Шпанија и Шкотска.
Б група: Франција…                    (Холандија и Грција имаат по 12 бодови).
Ц група: Англија …                      (Италија 13 и Украина 13).
Д група: Турција …                      (Велс и Хрватска имаат по 10 бодови).
Е група:   Албанија, …                 (Чешка 12, Полска 11 со натпревар повеќе,  Молдавија 10).
Ф група: Австрија и Белгија.
Г група: Унгарија …                    (Србија 13 и Црна Гора 11).
Х група: Данска                           (Словенија 19, , Казахстан 18).
И група:                                        (Швајцарија 16, Романија 15, Израел 12, Косово 10).
Ј група: Португалија и Словачка.