Кошаркарите на ТФТ го запишаа шестиот пораз во АБА 2 лигата откако вечерва во натпревар од 8.коло во Бања Лука загубија од словенечката екипа Шенчур со 74:91 (16:16, 19:24, 19:19 и 20:32) и останаа со само две победи.
Македонскиот претставник во ова натпреварување водеше до средината на вториот период кога имаше предност од 35:30, но потоа словенечката екипа со серија 10-0 дојде до пет позитива на крајот од првиот дел.
Во второто полувреме играчите на ТФТ во неколку наврати успеаја да намалат на пет негатива, но немаа сили за пресврт. Шенчур до крајот на натпреварот стигна и до убедлива победа. ТФТ натпреварот го заврши со 19 загубени топки, наспроти Шенчур – 11.
Најефикасни на дуелот беа Дино Мурич и Емир Ахмедовиќ кај Шенчур со 19 поени, додека во редовите на ТФТ најмногу поени постигна Александар Костоски – 18.
Утре натпреварите од оваа рунда продолжуваат со дуелот меѓу Спарс и Пелистер во 15 часот.
Комплетниот распоред на нашите екипи можете да го видите овде.