Втор ден од подготовките на македонската фудбалска репрезентација пред продолжувањето на квалификациите за ЕП 2024-та во Германија.
Прв предизвик в сабота за напите фудбалери ќе биде Италија.
Сигурно дека тоа нема да биде ист натпревар како оној кога ги елиминиравме од СП, но покажавме дека можеме да се надигруваме со нив, сметаат во нашиот табор.
Дефанзивецот Муслиу секако ќе има тешка задача со одличните напаѓачи на Азурите.
„Тие имаат свои, а ние наши планови. Страв сигурно дека немаме. Не играме прв прат против Италија.
Но, ќе повторам, ние мора да се фокусираме на нашиот план, нашата игра“,
вели меѓу другото Муслиу.