Арина Сабаленка го продолжува својот пат кон трофејот на УС Опен.

Белорусинката која е втора носителка во Њу Јорк, лесно за 76.минути ја победи (13) Русинката, Аариа Касаткина во два сета.

Сабаленка во првиот изгуби само еден, а во вториот три гема (6-1 и 6-3), и си обезбеди пласман во четвртфиналето во кое за протвичка ќе ја има Кинве Женг (23).

Кинеската тенисерка направи изненадување словалдувајќи ја 5-тата носителка Онс Џабер од Тунис (финалистка Вимблдон) со 2:0.

Инаку по завршувањето на УС Опен, без разлика на тоа кој ќе го освои турнирот, ќе дојде до промена на 1-то место на ВТА листата.

Сабаленка ќе ја преземе лидерската позиција од Ига Швјонтек која вчера во осминафиналето беше елиминирана од Јелена Остапенко.