Репрезентацијата на Полска не снимено е ТОП фаворит за 1.место во „скопската“ група на Европскиот шампионат.
Пајаците речиси не се ни испотија во дуелот со Чешка која ја совладаа во три сета (3:0).
Со само 17 загубени поени светскиот вице-првак го доби првиот сет (27-17). Во вториот противникот освои три повеќе (25-20). Полска третиот сет го доби со 25-20.
Актуелниот победник во Светската лига и бронзена од последното ЕП (2021), Полска само потврди дека лесно ќе мине во оваа група.
Можеби Холандија е селекцијата кој би пружила нешто поголем отпор. Но, тоа ќе го дознаеме утревечер по нивниот дуел закажан за 20 часот.
Тоа е натпревар од 2.коло во „Ц“ групата во кое од Данска и Чешка ќе играат од 17 часот, а Македонија е слободна.