Актуелниот европски шампион Манчестер Сити е поразен од шпанскиот Атлетико Мадрид.

Двата тима се на азиската турнеја. На мечот одигран во Сеул, популарните „јорганџии“ го совладаа „граѓаните“ со 2-1.

Во 67-та минута Мемфис Депај на ефектен начин го постигна водечкиот гол за Атлетико. На тимот на Диего Симеоне не му беше потребно долго време да ја удвои предноста. Веќе во 74.минута, по брзата контра и пробивот од левата страна Караско погоди за 2:0.

Конечниот резултат го постави Рубен Диаш во 85.минута, по корнер на Гомез од левата страна.

За европскиот шампион Манчестер Сити ова беше последна контрола пред дуелот во „Комјунити шилт“ Купот со Арсенал закажан за 6 август.