Со пораз од Украина машката македонска одбојкарска репрезентација го започна своето деби во европската Златна лига. На мечот одигран попладнево во полскиот град Лоѓ, Украина ја победи Македонија со 3:1 во сетови.
Во текот на целиот прв сен нашите одбојкари беа конкурентни и не им дозволија на фаворизираните Украинци да направат поголема разлика од три поени, освен на самиот крај кога Украина го доби сетот со 25-21.
И вториот сет беше налик на првиот. Напите одбојкари беа рамноправни се до 19-19, но до крајот освоија уште два поени недоволно да се добие сетот кој му припадна на противникот со 25-22.
Во третиот сет Украинците ја потврдија својата класа, бргу се одлепија (8-2), а потоа и на двоцифрена предност 15-5, што веќе беше знак дека напите одбојкари нема што да бараат во овој сет кој противникот го доби убедливо со 25-11, за конечни 3:0 во сетови
Пред овој меч се одигра и првиот од нашата група во кој Белгија ја победи Хрватска со 3:1 во сетови.
Токму овие две селекции се следните два противници на македонските одбојкари и тоа на дуелите што ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Првиот на програмата е во среда (31 мај) против Белгија, а вториот против Хрватска е закажан за следната сабота (3 јуни) кога гостува Хрватска.