Шпанските претставници Барселона и Виљареал остварија значајни гостински триумфи во воведните средби од вечерашната програма на 5.коло во Лигата на шампиони. Каталонскиот гигант славеше убедливи во Баку против Сабах, додека „жолтата подморница“ на гостувањето во Прага.
Фудбалерите на Барселона целосно ја контролираа играта во Азербејџан, и забележаа победа со 1:4. Домашниот тим при резултат 0:0 два пати ја погоди рамката од голот а гостинскиот тим. Затоа следувашпе казна на спортоивната страна. Резултатот го отвори Ентони Гордон во 31. минута, а само две минути подоцна му беше поништен уште еден погодок поради офсајд.
На стартот од второто полувреме гостите го скршија отпорот на домаќинот со три брзи гола за десет минути. Гордон повторно стрелаше во 51. минута. Само четири минути подоцна (55) Карим Адејеми зголеми, а Габриел Жесус погоди за 0:4 во 60. минута.
Почесниот гол за Сабах го постигна Џој-Ланс Микелс во 63. минута, на асистенција на Нвачукву. До крајот на средбата Телур Муталимов имаше шанса за домаќините во 88. минута, но неговиот удар заврши покрај голот.
Далеку понеизвесно беше во Прага, каде што по првото полувреме без голови, одлуката падна во продолжението. Тимот на Виљатреал славеше победа над Славија со 0:1.
Клучниот момент се случи во 62. минута, кога Таџон Бјукенен ја затресе мрежата на Славија по додавањето на Ајозе Перез. Во 81. минута беше поништен пенал, а Виљареал во финишот можеше и да ја потврди победата во Лига на шампиони. Бјукенен во 88. минута биеше за малку покрај голот, а минута подоцна голманот Марковиќ го запре обидот на Микаутадзе.
По овие дуели, Барселона се наоѓа на 4. место на табелата со 12 бодови, Виљареал е 22. со 6 бодови, Сабах останува на 32. позиција со 3 бодови, а Славија Прага е 34. со 1 освоен бод.
Останати вечерашни натпревари од 21 часот ќе играат:
АТЛЕТИКО МАДРИД – ВИКИНГ
КЛУБ БРИЖ – ЛИВЕРПУЛ
ИНТЕР – ШТУТГАРТ
ЛИЛ – БАЕРН МИНХЕН
ПСЖ – РОМА
ШАХТЈОР – ФЕНЕРБАХЧЕ
СПОРТИНГ – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД



































