Три интересни натпревари се одиграа вечерва во „А“ сегментот од фудбалската Лига на нации. Дербито на вечерта и припадна на Италија, а Англија и Шпанија славеа рутински триумфи.

На дербито одиграно во Милано, домашната селекција на Италија со пресврт и два гола на Еспосито ја победи Франција со 2-1.

Иако триколорите први дојдоа во водство во 10 минута со голот на Олисе, сепак во продолжението Азурите направија комплетен пресврт

За тоа се погрижи Франческо Еспосито. Фудбалерот на Интер беше стрелец на двата од трите гола за домаќините. Во 26-та израмни на 1-1. Во 60-тата Себастијан Еспосито не реализира пенал. Сепак Фратеси две минути подоцна донесе воство од 2-1. Затоа пак Франческо Еспосито не погреши од белата точка, па во 75.минута ги постави конечните 3-1 за Италија.

Сега Италија е прва пред Франција со идентични 10 бодови, а Белгија која на гости славеше кај Турција со 1-2 е трета со девет бодови. Дербито во последното коло е во недела во Белгија каде ќе гпостува Италија.

Вториот дерби дуел со одиграв Лондон, на „Вембли“, а селекцијата на Англија со 2-1 ја победи Хрватска.

Домаќините поведоа во 24.минута го голот на Рџерс. Во вториот дел (59.минута), Хрватите израмнија преку Сучиќ. Сепак нивната радост краток траеше, бидејќи пет минути подоцна беше досуден пенал за Англија. Ситгурен реализатор беше Хари Кеј за конечни 2-1.

Во вториот натпревар од истата трета група, актуелниот светски и европски шампион Шпанија, славеше на гостувањето кај Чешка со 0-2.

Стрелец на првиот гол беше Алакс Баена од пенал во во 39-тата минута. На стартот на вториот беше поништен гол на Шпанците поради офсајд. Но, затоа оној на Биубик во судиското дополнение (90+6) беше регуларен.

Во недела Шпанија и Англија ќе играат во дуелот за првото место, на кое во моментот е „црвената фурија“ со три бода повеќе од „Гордиот Албион“.