Македонската кошаркарска јавност со нетрпение го очекува првото сезонско соочување на двата најголеми и најтрофејни клуба во државата. Вечното дерби помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе се одигра во понеделник, на 16.ноември, со почеток во 19:00 часот. Овој голем натпревар во салата „Јане Сандански“ официјално ќе го затвори 7.коло од домашната Супер лига.
Двата лути градски ривали влегуваат во оваа пресметка од самата врвна позиција на првенствената табела. Центарци во моментов се лидери со максимални шест победи од шест одиграни натпревари и вкупно 12 освоени бода. Актуелниот шампион од Аеродром е веднаш зад нив на второто место со ефект од пет триумфи и еден пораз.
Сино-белите на домашен терен ќе се обидат да ја прекинат победничката серија на гостите и да се израмнат на врвот. Комесарот за натпреварување веќе ги делегираше и официјалните службени лица за овој кошаркарски спектакл во Скопје. Правдата ќе ја делат судиите Зоран Митровски, Александар Феревски и Петар Петровски, додека делегат ќе биде Терзовски.
Програмата од 7.коло претходно ќе биде отворена со четирите натпревари што се играат во текот на викендот. Во сабота силите ќе ги одмерат Кожув и ТФТ, како и Тиквеш Голден Игл против екипата на Пелистер. Неделните термини се резервирани за дуелите помеѓу Штип и Скопје, односно пресметката помеѓу МКК Куманово и Струмица.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | И | кош +/- | Б |
|---|

























