Вардар останува перфектен во машката ракометна Супер лига на Македонија. Ова откако вечерва вардарци пред својата публика го добија големото дерби со лутиот ривал Еурофарм Пелистер. 

Во натпреварот од 11 коло, одигран во СЦ „Јане Сандански“ пред преполни трибини, Вардар го совлада Еурофарм Пелистер со 31:23.

 

 

 

Гостите од Битола беа рамноправни само воведните седум минути, кога на семафорот стоеше израмнет резултат 2:2. Вардарци ја презедоа иницијативата и врзаа три неодговорени голови, па во 7.минута за првпат поведоа со три разлика (5-2). Оттогаш, во продолжението на првиот дел, избраниците на Червар постојано ја бркаа таа негатива. Сепак шампионот на полувреме замина со три гола предност 15:12.

На стартот на вториот дел Вардар поведе со четири голови разлика, но зелено-белите од Битола возвратија со три во серија па намалија на 16:15. По тајмаутот на Иван Чупиќ црвено-црните направија уште една голема серија од четири погодоци. Во триесет и осмата минута Вардар водеше со 20:15 . Но, тоа не беше најголемата предност која вардарци ја има бидејќи во неколку наврати водеа и со плус осум. Тука беше веќе јасно дека вицепрвакот Еурофарм Пелистер нема што да бара на овој натпревар.

Најефикасен во победничката екипа беше Леон Љевар со 7 голови, додека Да Силва додаде 6, а Матео Фадуил беше стрелец на 4 гола. Во поразениот битолски тим, но и на натпреварот, прв стрелец беше Филип Кузмановски со 9 голови.

Вардар ја впиша својата првенствена победа во исто толку одиграни натпревари, и се зацврсти на првото место на табелата. пелистерци по ова коло, паднаа на третото место со 15 бодови колку што има и четвртиот Охрид. Пред нив со бод повеќе е Алкалоид. Токму тимот на Алкалоид ќе биде следниот предизвик за шампионот Вардар во дербито од следното коло, кое ќе се играа по репрезентативната пауза.

Распоред

Се вчитуваат резултатите...

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б