Денеска во седиштето на ЕХФ во Виена се одржа ждрепката за Европа купот во кој Македонија има два претставници. Охрид настапува како лански победник и бранител на трофејот, додека Алкалоид го освои истото натпреварување во 2025 година.

Двете македонски екипи во претходното коло славеа по две убедливи победи против своите ривали и суверено обезбедија пласман понатаму.

Бранителот на титулата Охрид во 3.коло за противник го доби литванскиот состав Драгунас Клаипеда. Првиот натпревар охриѓани ќе го играат на гостински терен, а патникот во осминафиналето ќе се решава пред домашната публика.

Од друга страна, Алкалоид налета на словенечкиот тим Горење Велење. Македонскиот состав првиот дуел ќе го одигра пред својата публика во Скопје, додека реваншот е во Словенија.

Првите натпревари од 3.коло се закажани за 21 и 22 ноември, а реваншите ќе се одиграат на 28 и 29 ноември.