Македонскиот ракометен првак Вардар конечно се израдува на победа во Лигата на шампионите. По четирите врзани порази, вардарци вечерва славеше ана гостувањето во Франција против Нант со 27:33.
Македонскиот шампион Вардар одигра одлично прво полувреме. Почетокот на натпреварот им припадна на домашните ракометари. Францускиот тим рано поведе со 2:0 и одржуваше минимална предност до 4:3. Сепак, „црвено-црните“ брзо ги консолидираа редовите и заиграа далеку поцврсто во одбраната. Со моќна серија на теренот, вардарци направија целосен пресврт за сигурно водство од 5:8. Оваа одлична игра донесе максимална позитива од четири гола во 15-тата минута при 7:11. Вардар рутинирано ја контролираше играта до самиот крај на првиот дел. Пред заминувањето на пауза, резултатската предност повторно достигна четири гола разлика при 12:16. Домаќините само успеаја да намалат на 13:16 пред истекот на триесеттата минута.
Во вториот дел, македонскиот првак одигра уште посилно и поангажирано. Ракометарите на Вардар целосно го разбија францускиот состав на теренот. Предноста континуирано растеше благодарение на агресивната одбрана и ефикасниот напад. Најголемата разлика на натпреварот изнесуваше импресивни девет гола предност. Оваа максимална позитива беше достигната при резултат 22:31 во 54-тата минута. До крајот, Вардар мирно го приведе натпреварот кон крај за конечни 27:33.
Најдобри стрелци во победничкиот табор беа Леон Љевар со 7 гола, Јака Малус заврши со 6, а Урош Митровиќ со 5 голови.
Сепак, оваа победа нема да промени многу, што се однесува до Лигата на шампионите. Вардар веќе ги загуби шансите за втората фаза, па останува да го одигра последниот натпревар. А, тој на програмата е за седум дена (28 октомври) и тоа на домашен терен, во Скопје, против Мелсунген.




































