Екипата на тавата со пораз го стартуваше новото издание во АБА2 лигата. На гостувањето во Тузла кај Слобода, тимот на ТФТ беше поразен со 106-61.

Боро Смилковски беше принуден да игра само со шестмина и тоа македонски кошаркари. Од неразбирливи причини, делегатот и судиите на овој натпревар, не дозволија за скопската екипа, настапат странските засилувања, четворицата Американци.

Тоа пак домашниот состав знаеше како да го искористи и да ја пише првата победа групата во која се и екипите на Подгорица и Херцеговац.

За актуелниот вицешампион во АБА-2 конкуренцијата, ТФТ шанса прва победа сезонава ќе се бара во следниот натпревар. Закажан за 4 октомври (18:00 ч.) во Скопје, а ќе гостува српската екипата на Херцеговац.