Во машката ракометна Супер лига денеска ќе се одиграат два натпревари со кои ќе биде комплетирано седмото коло.
Во првиот, пладневниот актуелниот шампион Вардар го пречекува составот на Бутел.
Вардарци се единствените кои имаат максимални 6 победи во досегашниот тек од шампионатот. За црвено-црните тоа ќе биде генерална проба пред патувањето во Франција на дуелот со Нант во Лигата на шампионите, закажан за во среда. Бутечани пак пред само два дена имаат тешко гостување во Хрватска кај Горица во Европскиот куп. Дуелот меѓу Вардар и бутел ќе стартува точно напладне од 12 часот, ќе се игра во сц „Јане Сандански“.
Вториот натпревар е во битолски од 18 часот тоа ќе биде дуел на шесто и седмо пласираните екипи. Состав на Еурофарм Пелистер домаќин на кавадаречки Тиквеш.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | Н | Пр | ГР | Б |
|---|



































