Кошаркарите на Куманово остварија гостинска победа над Тиквеш во драматичен финиш со 76:75 во рамките на Првата лига. Возбудливиот натпревар во Кавадарци од 3.коло во Супер лигата, понудија двете екипи кој беше решен во самата заврница.
Домаќините одлично го отворија мечот и првиот период го добија со 21:17, создавајќи највисока предност од седум поени. Кумановци заиграа поангажирано пред паузата, па втората четвртина ја добија минимално со 18:16. На полувреме резултатот гласеше 37:35 за Тиквеш.
Гостите ја презедоа иницијативата во третиот период. Избраниците на Докузовски го добија со 18:13 во овој дел, достигнувајќи ја својата највисока предност од пет поени. Во последната четвртина екипите постојано се менуваа во водство, а кавадарчани стигнаа до позитива од пет поени.
Самата завршница донесе вистинска драма бидејќи домаќинот имаше предност од три разлика на само 40 секунди до крајот.
РЕШАВАЧКИТЕ 40.СЕКУНДИ ОД НАТПРЕВАРОТ ВО КАВАДАРЦИ
Искусните играчи на Куманово максимално ги искористија слободните фрлања преку Ѓуроски и Гуден за целосен резултатски пресврт. Тиквеш имаше последен напад за триумф, но ударите на Глигоријевиќ и Златев не завршија во противничкиот кош.
Најефикасен во победничкиот состав беше Камерон Гуден со 21 поен, одлично следен од Андреја Стевановиќ со 15 поени. Кај поразениот тим најмногу се истакна Сјукс со 27 поени, додека Смит го заврши мечот со 20 поени.
Распоред
Табела
| # | Екипа | ОН | П | И | кош +/- | Б |
|---|




























