Ракометарките на Вардар ја оправдаа фаворитската улога и славеа против Атлетик. Во натпреварот од 6. коло во женската Супер лига Вардарки победија со 33:29.

Натпреварот започна израмнето, а првата посериозна предност Вардарки ја направија во 13. минута, кога поведоа со 9:6. Атлетик во неколку наврати се обидуваше да ја намали негативата и да се врати во игра, но домаќинките успешно го одржуваа водството. Во 28. минута црвено-црните стигнаа и до највисоките четири гола предност (14:10), па на паузата заминаа со водство од 14:11.

Во второто полувреме, Вардар продолжи во ист ритам и во 36. минута за првпат поведе со пет гола разлика (18:13). Домашниот состав ја одржуваше предноста, но Атлетик не се предаваше и се обидуваше да ја направи завршницата понеизвесна. Во 52. минута гостинките успеаја да ја намалат негативата на 28:24, но Вардарки не дозволија целосен камбек и до крајот ја зачуваа предноста за нова победа во Супер лигата. Натпреварот заврши со триумф за Вардар со 33:29.

Ивона Кимовска