Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја оствари третата победа во машката кошаркарска Супер лига. Актуелниот шампион МЗТ пред својата публика ги совлада ТФТ со 70:64 во дербито од третото коло.
Бранителот на титулата ја оправда фаворитската улога во салата „Јане Сандански“ по одличното отворање на натпреварот. Клучната разлика беше направена уште во првата четвртина која домаќините ја добија со убедливи 25:10. Иако ТФТ одигра подобро во продолжението, аеродромци успешно ја контролираа предноста до самиот крај на средбата. Гостите од Тафталиџе во последниот квартал успеаја да се доближат на четири разлика, но не и да ја анулираат негативата и да го избегнат вториот пораз.
Најефикасен на паркетот беше Секу Сила од ТФТ кој забележа дабл-дабл учинок со 19 поени и 13 скокови. Кај победничката екипа на МЗТ Скопје најмногу се истакна Данило Николиќ со постигнати 15 поени и пет скока. Покрај Србинот, двоцифрени во МЗТ Скопје беа и Томас Тадиќ кој уфрли 12 поени и Лери Варнер со 11 поени, додека Андреј Маслинко и Дамјан Стјановски завршија со по 8.
Сино-белите од Аеродром остануваат на максимален ефект, три од три, и сега се само на врвот на табелата. Таму може во недела повторно да се врати Работнички доколку о совлада Пелистер на гостувањето во Битола.
Распоред
Табела
| # | Екипа | О | П | И | кош +/- | Б |
|---|

































