Украинскиот бек Дмитро Хориха доби официјално зелено светло од ИХФ за настап во македонската ракометна репрезентација. Одличниот ракометар веќе има македонско државјанство и повеќе од три години нема играно за Украина.

Ова на прес-конференцијата денеска  го потенцираа Селекторот Кирил Лазаров и претседателот на РФМ, Александар Стефанов.

„Мислам дека добиваме еден ракометар што ќе даде тежина и голем придонес, тој е во зенитот на својата кариера и се надеваме дека со него ќе добиеме на квалитет и ќе придонесе и тој за подобри резултати во иднина.“ истакна претседателот Стефанов. 

И селекторот Лазаров не го криеше задоволството што на располагање ќе го има Хориха во дресот на Македонија.

„Се работи за играч кој има шут од надвор, кој е играч во два правци, кој има победнички карактер и во последните години покажал дека секогаш прави се за неговиот тим да победи“, изјави Лазаров..


Хориха ќе може да дебитира веќе во претстојните квалификации за Европското првенство во 2028 година. Македонија на почетокот на ноември ја очекуваат исклучително натпревари против Луксембург и Грција.

 Лазаров најави дека списокот на повикани ракометари ќе биде објавен на почетокот на следната седмица. Тој нагласи дека конкуренцијата за секое место во тимот е голема и дека репрезентацијата максимално сериозно ќе пристапи кон претстојните квалификациски натпревари.